Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусијала, би можел да се врати на теренот до крајот на 2025 година.
Еден од клучните играчи на баварскиот клуб се здоби со скршеница на ногата за време на Светското клупско првенство, по судирот со голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Иако првичните прогнози беа загрижувачки, неговото заздравување напредува подобро од очекуваното.
Мусијала сè уште се движи со патерици, но во Баерн владее оптимизам.
„Процесот на опоравување е многу позитивен, иако Мусијала сè уште користи патерици,“ изјави спортскиот директор на клубот, Макс Еберл.
Тој додаде дека и рехабилитацијата на Алфонсо Дејвис се одвива според планот, па постои надеж и тој да се врати најдоцна до јануари 2026 година.