Џампаоло ќе им заштеди на Росонерите четири милиони евра

Италијанскиот стратег Марко Џампаоло, ќе му заштеди на Милан четири милиони евра доколку ја прифати понудата на Фенербахче. Џампаоло доби отказ од „Сан Сиро“ во октомври минатата година, но и натаму зема плата бидејќи договорот му важеше до јуни 2021 година.

Италијанските медиуми тврдат дека Џампаоло преговара со турскиот гигант околу соработка која би започнала во новата сезона, а од таборот на Милан будно ја следат ситуацијата, а доколку се постигне договор едумкратниот првак ќе биде благодарен на Фенер.

Со оглед на ситуацијата со Корона-вирусот, да се заштедат четири милиони евра не се мала работа.

- Оглас -

Најнови вести