Македонскиот кошаркарски репрезентативец Џејкоб Вајли ќе ја продолжи својата кариера во редовите на литванскиот вицешампион Ритас Вилнус.
Според информации од Литванија, 30-годишниот Вајли веќе постигнал договор со клубот за соработка во текот на следната сезона.
Зад себе има успешна година во дресот на шпанската Гранада, каде што во просек бележеше 8,3 поени и 3,8 скока по натпревар.
Во досегашната кариера Вајли има настапувано и за грчкиот Панатинаикос, за шпанската Гран Канарија и за црногорскиот Будуќност, а во сезоната 2017/18 беше дел од НБА-лигата со Бруклин нетс.