Џејмс Харден донесе триумф за ЛА клиперс, Детроит го изненади Бостон (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес клиперс славеа во Чикаго против Булс со 122-117, со што ја прекинаа серијата од три последователни порази.

ЛА клиперс подобро го отворија натпреварот и имаа предност од пет поени по првата четвртина, но Булс направија пресврт до полувремето, кое заврши со резултат 60-59 за домаќините.

Гостите повторно го започнаа второто полувреме подобро и влегоа во последната четвртина со предност од пет поени, но овојпат успеаја да ја задржат во драматичната завршница и да стигнат до победа.

Најдобар во победничкиот тим беше Џејмс Харден со 30 поени, а постигна и тројка која ја запечати победата во финишот на мечот. Одлична поддршка доби од Кофи, кој уфрли 20 поени, додека Колинс (21 поен и 17 скока) и Гиди (21 поен и 12 асистенции) беа најдобри кај Чикаго булс.

ЛА клиперс се на шестото место во Западната конференција на НБА-лигата со биланс од 32 победи и 26 порази, додека Булс се десетти на Истокот со ефект од 23-36.

Детроит пистонс го совлада Бостон селтикс со 117-97 во меч во кој блескаа Малик Бисли со 26 поени и Кејд Канингем со 21 поен. Најефикасен на дуелот беше Џејсон Тејтум со 27 поени.

Резултати: Детроит – Бостон 117-97, Индијана – Торонто 111-91, Њујорк – Филаделфија 110-105, Вашингтон – Портланд 121-129, Бруклин – Оклахома сити 121-129, Мајами – Атланта 131-109, Чикаго – ЛА клиперс 117-122, Јута – Сакраменто 101-118, Хјустон – Сан Антонио 118-106.

- Оглас -

Најнови вести