Хјустон рокетс славеше на свој терен со 108:102 против Феникс Санс, а најзаслужен за оваа победа е првата ѕвезда на „ракетите“, Џејмс Харден. Популарниот „Брада“ беше незадржлив за гостинските играчи. па на крајот, зад неговото име стоења бројки од 41 постигнат поен, 11 асистенции, девет скока и шест украдени топки.
Ако на Харден му недостасуваше еден скок за трипл-дабл, тогаш на Јанис Адетокумбо му фалеше една асистенција за трипл-дабл. Грик-фрик имаше 33 поени, 16 скока и девет асистенции и го предводеше Милвоки до победа над Мајами од 113:98. За Милвоки ова беше 52-ра победа сезонава и останува најдобар тим во досегашниот дел од сезоната.
Лос Анџелерс лејкерс играше без Леброн Џејмс и беше немоќен да се справи против Детроит.
Резултати: Детроит – ЛА Лејкерс 111:97, Филаделфија – Сакраменто 123:114, Вашингтон – Шарлот 110:116, Хјустон – Феникс 108:102, Мајами – Милвоки 98:113, Њу Орлеанс – Портланд 110:122, Сан Антонио – Њујорк 109:83, ЛА Клиперс – Чикаго 128:121.