Џејмс повторно се повреди, најверојатно нема да игра до Нова година

Леброн Џејмс се здоби со повреда на препоните во поразот од ЛА клиперс, дербито кое се одигра ноќеска во божиќниот НБА-маратон. Кралот иако до крај го одигра мечот, почувсвувал болки при еден удар од Беверли, што влијаеше врз неговата игра.

„Се чувствував подготвен пред почетокот на средбата. Но, добив удар со колено во препоните од Беверли и малку ме врати во состојбата во која се наоѓав пред пет дена“, истакна Џејмс.

Леброн претходно беше во трка со времето да закрепне за градското дерби од повреда во ребрата, а сега најверојатно нема да настапи во дуелите против Портланд и Далас кои се закажани на 29 и 30 декември.

Инаку, Кралот ќе сака што побрзо да го заборави вчерашниот пораз бидејќи ја одигра една од најлошите партии во неговата кариера. Реализира само 23 поени при шут од игра 9/24, а промаши и 10 обиди за три поени, што е негов најлош учинок.

Лејкерси го претрпеа четвртиот последователен пораз откако претходно загубија од Милвоки, Индијана и Денвер.

- Оглас -

Најнови вести