Џек Грилиш е опериран, за него сезоната во Премиер лигата заврши

Евертон го загуби Џек Грилиш до крајот на сезоната поради повреда на стапалото.

Средниот ред на Карамелите останува без својот позајмен играч од Манчестер сити откако Грилиш беше подложен на успешна хируршка интервенција. Повредата се случи во јануари, а менаџерот Дејвид Мојс веќе изрази загриженост дека фудбалерот би можело да ги пропушти сите преостанати натпревари до крајот на шампионатот.

Грилиш преку социјалните мрежи напиша дека не сакал сезоната да заврши на ваков начин, но дека сега целосно се фокусира на закрепнување и враќање во форма.„Сигурен сум дека ќе се вратам поздрав, посилен и поефикасен од кога било“, истакна тој.

Фудбалерот се заблагодари за поддршката од стручниот штаб, на соиграчите и на навивачите, нагласувајќи дека ќе направи сè што е во негова моќ за да се врати што е можно побрзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести