Деновите на Џек Грилиш во Манчестер сити се одбројани. Англискиот репрезентативец повеќе не е во плановите на Пеп Гвардиола, а клубот веќе разгледува опции за негово заминување во текот на летниот преоден рок.
Според информации на „ЕСПН“, Евертон веќе стапил во контакт со Манчестер сити во врска со евентуален трансфер на 29-годишниот офанзивец. Карамелите предложиле едногодишна позајмица со можност за траен откуп, додека Сити би претпочитал комплетен трансфер, иако не ја исклучува и привремената опција.
Грилиш, кој во 2021 година пристигна од Астон Вила за 100 милиони фунти, има уште две години од договорот со Граѓаните. Сепак, тој беше изоставен од списокот за Светското клупско првенство и му било јасно ставено до знаење дека следната сезона тешко ќе добива минутажа.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојс, неодамна јавно го искажа своето незадоволство од текот на трансферниот период, а управата на клубот очигледно решила да одговори со конкретна акција и обид за ангажман на големо засилување во ликот на Џек Грилиш.
Договорот сè уште не е блиску до реализација, но извори блиски до двата клуба велат дека постојат позитивни вибрации, доволно за да се очекува потенцијална преселба на Грилиш во Ливерпул, но на „Гудисон Парк“.