Харви Барнс е вистински џелат за екипата на Лидс и повторно и вечерва им даде гол, а Лестер со негова помош го предаде фенерот во Премиер лигата.
Крилото на Лестер го даде вториот гол во победата на Лисиците од 2:0 против Лидс откако претходно Робин Кох си даде автогол во двата клучни моменти во првото полувреме.
И двата се интересни бидејќи Кох за првпат во 129 меча во Премиер лигата си даде автогол, а Барнс и шести меч по ред дава гол против Лидс.
6 – Harvey Barnes has scored in each of his last six league matches against Leeds United, a run that started in the Championship with West Brom in November 2018. Thorn. pic.twitter.com/c6h5BJ3owI
— OptaJoe (@OptaJoe) October 20, 2022
Лестер со втората победа во новата сезона во Премиер лигата го напушти последното место и му го предаде фенерот на Нотингам форест, кој има шест бода.
Лисиците имаат 8 по 11 кола, а еден бод повеќе има Лидс на 16-тото место, односно на две позиции над опасната зона за испаѓање.