Џемал Ибиши донесе радост за Вардар

Тинејџерот Џемал Ибиши е херојот на Вардар во дуелот против Ренова во меч од четвртото коло од Прва фудбалска лига. Талентираниот 18-годишен фудбалер влезе од клупата за резерви и само по неколку секунди поминати на теренот се најде во ситуација за погодок и реализираше.

Тој погодок на Ибиши во 65-тата минута се покажа како доволен за Вардар да стигне до победа на гостувањето кај Ренова. Со овој триумф, Вардар стигна до седум бодови и сега е на петтото место, додека Ренова остана со седум бода, но поради подобрата гол-разлика е на четвртата позиција. Лидер е Академија Пандев со 10 бодови од четири меча.

- Оглас -

Најнови вести