Среќата ја напушти Фортуна, Бохум надомести негатива од три гола, а потоа преку пеналите обезбеди опстанок во Бундеслигата

Фудбалерите на Бохум приредија вистинско чудо за опстанок во Бундеслигата откако вечерва во Дизелдорф надоместија негатива од три гола и потоа преку пеналите дојдоа до победа која ги остави во најсилната германска лига.

Фортуна Дизелдорф во првиот меч од баражот за Бундеслигата, славеше со 3:0 на гости кај Бохум, но вечерва ја прокоцка предноста и тоа пред своите гледачи.
Бохум славеше по 120 минути и дури седум серии во пенал-рулетот.

Бохум прво во регуларните 90 минути успеа да постигне три гола преку Хофман во 18-тата и во 66-тата и на Штогер во 70-тата минута, со кои ја анулира предноста на Фортуна Дизелдорф и обезбеди продолженија.

Во дополнителните 30 минути немаше голови, по што одлуката за тоа која екипа ќе игра во Бундеслигата следната сезона беше донесена во пенал-рулетот.

Во него, трагичари се фудбалерите на Фортуна Дизелдорф бидејќи не беа прецизни во првата серија (Хофман) и во последната седма (Учино), додека играчите на Бохум промашија само еднаш (Машовиќ), а погодија шестпати.

- Оглас -

Најнови вести