Џенова го поздрави блескавиот ветеран на светскиот фудбал и објави дека Горан Пандев и официјално го продолжи договорот за уште една сезона, односно до јуни 2022 година.
Такво сценарио најави и самиот Пандев, а сега е и официјално, што значи дека продолжува долгата и успешна авантура на струмичанецот во Серија А.
Пандев досега има 156 настапи за Џенова, денеска го очекува и 157-от на дуелот од Купот на Италија против Перуџа, а вкупно има одиграно 473 меча во Серија А, што е голем подвиг.
Со тоа е трет странец во историјата на Калчото со најмногу настапи, а веќе ја мина магичната граница од 100 гола, што го смести во Топ-5 активни играчи во Серија А со таков учинок.
https://twitter.com/GenoaCFC/status/1426126806231486465