Џенова осум години не може да го победи Наполи, Пандев и друштвото на пат кон Серија Б

Наполи со 2-1 триумфираше на гостувањето кај Џенова и сега тимот на Горан Пандев падна на третото место оддолу, а тоа значи позиција која носи испаѓање во Серија Б. Уште седум кола остануваат за Џенова да си ја поправи состојбата на табелата.

Традицијата продолжи, Џенова од јануари 2012 година не знае за победа против Наполитанците. Головите за гостите ги постигнаа Мертенс и Лозано, а мрежата на Грифоните ја затресе и Елиф Елмас, но голот му беш поништен поради играњето со рака на Костас Манолас кое беше забележaно по прегледување на снимката.

Елмас излезе од игра во 82-рата минута, а Пандев влезе за Џенова во 71-вата, кога Наполи веќе водеше со 2-1.

Мексиканецот Лозано својот гол го даде само две минути по влегувањето во игра, а Белгиецот Мертенс по шести пат дава гол на „Луиџи Ферарис“, што го направи негов омилен гостински стадион за голови. Лозано сите голови во дресот на Наполи сезонава ги има дадено на гостински терен.

Со оваа победа, Наполи се врати на петтото место, а може да им се придружи Рома, коај подоцна вечерва игра со Парма.

- Оглас -

Најнови вести