ВАР му поништи гол на Елмас, виновен е Гркот Манолас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е најзабележителен поединец во првите 30-тина минути од дуелот на Џенова и Наполи. Засега нема македонски дуел, бидејќи Горан Пандев е резерва, но во редовите на Наполи блеска младиот Елмас.

Тој даде и гол, но по прегледувањето на снимката, ВАР утврди дека Костас Манолас играл со рака, па голот на Елмас беше поништен. Дијамантот имаше и убава шанса да даде гол од регуларна позиција, но голманот Перин одлично одбрани.

Погледнете ја акцијата по која Елмас ја затресе мрежата:

- Оглас -

Најнови вести