Горан Пандев и неговите соиграчи од Џенова ќе соработуваат со Тијаго Мота, кој и официјално е претставен како нов тренер на 9-кратниот италијански првак.
„Добредојде Тијаго Мота“, објави Џенова на својата клупска страница.
Мота има скромно искуство во тренерската фела, работеше со младинскиот тим на Пари Сен Жермен и ова за него ќе биде голем предизвик.
Има само 37 години, едно лето е повозрасен од капитенот на македонската репрезентација, а најави револуција во фудбалот и формација 2-7-2 што ќе се обиде да ја примени кај калчолигашот од Џенова.
Џенова по 8 кола е претпоследна во Серија А со пет бода, само еден повеќе од градскиот ривал Сампдорија.