Мота ќе донесе револуција во Џенова – Пандев ќе мора да се снаоѓа во невидена формација

Тијаго Мота е на прагот на тренерската позиција во Џенова. Утре треба да се разрешат сите дилеми во договор со Енрико Презиоси, а речиси е сигурно дека поранешниот играч на Барселона, Интер, Атлетико и ПСЖ ќе биде нов кормилар на популарните Грифони.

И веднаш најави примена на револуционерниот систем на игра во формација 2-7-2 што ја практикуваше како тренер на младинскиот тим на ПСЖ.

„Бројките се само имагинација и лажна конструкција. Не е ова пинг-понг, па играчите да се фиксирани на мал простор. Тие постојано се движат и менуваат места на теренот“, изјави Мота кога навистина одигра меч со младиот тим на ПСЖ во формација 2-7-2.

Интересно ќе биде каква ќе биде соработката меѓу Мота, кој има 37 години, и нашиот репрезентативец Горан Пандев, кој е една година помлад.

- Оглас -

Најнови вести