28.8 C
Skopje
вторник, 23 септември 2025

Џерард доби овации на „Енфилд“, но сегашниот херој донесе радост за Ливерпул

Стивен Џерард за прв пат беше на „Енфилд роуд“ во улога на противник на Ливерпул. Некогашната легенда на англискиот гигант, сега како тренер на Астон вила гостуваше на неговиот омилен стадион, а на крајот си замина поразен.

https://twitter.com/i/status/1469683998725185541

Ливерпул победи минимално со 1:0 и тоа благодарение на погодокот од пенал на Мохамед Салах. Се играше 67 минута кога Салах беше фаулиран и Ливерпул доби пенал. Самиот Салах реши да шутира и не погреши.

Токму тој гол беше доволен за Ливерпул да ги освои трите бода во трката за титулата. За Салах ова е 15-ти реализиран пенал во низа во Премиер лигата и тоа е само втор фудбалер со ваков подвиг. Рекордер е Матие де Тисие кој има погодено 23 пенали во низа во Премиер лигата во периодот од 1994 до 2000 година.

И Челзи благодарение на пенали стигна до победа во дуелот со Лидс, но Сините се радуваа со 3:2. Гостите поведоа на „Стемфорд Бриџ“, а Моунт израмни во 42 минута. Жоргињо со пенал во 58 минута го доведе Челзи во предност од 2:1, а Лидс израмни на 2:2 во 83 минута. Во 93 минута беше досуден уште еден пенал за Челзи, а Жоргињо повторно погоди за победа од 3:2.

Во првиот денешен меч, Манчестер сити минимално со 1:0 го победи Вулверхемптон, а и Граѓаните до победата стигнаа благодарение на пенал. Рахим Стерлинг беше прецизен за актуелниот првак, па врвот на табелата останува непроменет. Сити е лидер со 38 бодови, втор е Ливерпул со 37, а Челзи има 36 бодови на третото место.

- Оглас -

Најнови вести