4.8 C
Skopje
сабота, 31 јануари 2026

Џерард одби да се врати во Ренџерс

Стивен Џерард нема да се врати на клупата на Глазгов Ренџерс. 

Според „Скај Спортс Њуз“, клубот и менаџерот воделе конструктивни разговори во врска со позицијата главен тренер во четвртокот и петокот, но на крај Англичанецот одбил враќање во шкотскиот трофеен клуб, бидејќи верува дека сега не е вистинско време за повторно преземање на кормилото.

Двете страни се согласиле да ја остават вратата отворена за идна соработка, но сега клубот ќе бара нов шеф на стручниот штаб. Стиви Џи беше тренер на Ренџерс во периодот од 2018 до 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести