Саудискиот тим Ал-Итифак откако го доведе за тренер Стивен Џерард, легендата на Ливерпул, се активира на трансфер-пазарот и сака да направи конкурентен тим за новата сезона.
Нови фудбалери на списокот на желби се Џордан Хендерсон од Ливерпул и Пјер-Емерик Обамејанг од Челзи.
Хендерсон има договор на уште две сезони со Ливерпул, а неговата моменталната вредност според „Трансфермаркет“ е 10 милиони евра, сума што без проблем би била платена од страна на клубот од Саудиска Арабија.
Интернационалецот од Габон, Обамејанг, има договор само на уште една сезона и вреди 4 милиони евра, иако само пред една сезона беше купен од Барселона за 12 милиони евра.