Џерард: Уште ме прогонува испуштената титула во 2014 година

Легендата на Ливерпул, а актуелен тренер на шкотскиот Ренџерс, Стивен Џерард, јавно призна дека испуштената титула во 2014 година и понатаму го изначува до ден денешен.

Џерард имаше успешна кариера на „Енфилд”, ја освои Лигата на шампионите, но не успеа да го освои најважниот клупски трофеј на Островот, оној од Премиер лигата. Најблиску до исполнивање на целта беше во 2014-та година, но едно негово подлизнување на меч со Челзи, по кое противниците дадоа гол, се покажа фатално за Црвените во борбата за шампионската титула.

„Откако се откажав од професионалниот фудбал, на сите мои поранешни клупски колеги им посакував само успеси. Трипати бев блиску до трофејот во Премиер лигата. Ќе треба да живеам со моите болки, кои не знам дали некогаш ќе поминат. Особено не ми излегува од глава случајот од 2014 година, можеби поради жестокоста на тоа што се случи против Челзи”, вели Џерард.

- Оглас -

Најнови вести