Еден од најдобрите швајцарски фудбалери на сите времиња, Џердан Шаќири, објави крај на својата репрезентативна кариера.
Шаќири се повлекува по одиграни 125 меча за Швајцарија во 14-годишната репрезентативна кариера. Имаше 32 гола и 34 асистенции, а настапи на седум големи натпреварувања (светски и европски првенства), на кои даде 10 гола, што е рекорд на швајцарската селекција.


