Џикиќ доби отказ, Репеша е нов тренер на Будуќност

Александар Џикиќ повеќе не е тренер на Будуќност, откако раководството денес му врачи отказ. Лошите резултати во Евролигата и АБА кои Будуќност ги нареди во изминатиов период, се главната причина за отказот. Ексселекторот на Македонија во минатата сезона го предводеше црногорскиот клуб до историската прва титула во јадранскиот шампионат.

Екипата ќе ја предводи Јасмин Репеша, но хрватскиот стратег нема да биде на клупата на Будуќност во дуелот против Црвен ѕвезда кој утре (19 часот) ќе се игра во Белград.

Пред извесно време и самиот Џикиќ се обиде да поднесе оставка, но управата на клубот истата ја одби. Вчерашниот пораз од Баерн Минхен во европското натпреварување им помогна во одлуката на челниците да го сменат Џикиќ, и во Новата година да бараат освесжување на клупата.

По 15 натпревари во Евролигата, Будуќност се наоѓа на претпоследното место со само три победи, додека во АБА лигата по 12 меча четири пати претрпеа пораз.

- Оглас -

Најнови вести