21.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Џон Тери изненади: Сакам Ливерпул да ја освои титулата, а не Челзи

Џон Тери, кој многумина го сметаат за најголемата легенда во историјата на Челзи, ги изненади фудбалските кругови со изјавата дека оваа сезона сака титулата во Премиер лигата да ја освои Ливерпул, и тоа поради Диого Жота.


Тери призна дека смета оти неговиот поранешен тим сè уште не е подготвен за таков подвиг.

Поранешниот капитен на Челзи одиграл 717 натпревари за клубот, постигнал 67 голови и освоил пет титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите, како и бројни други трофеи.

По играчката кариера и краткото искуство како помошник-тренер, 44-годишниот Тери во јули 2023 се врати во клубот како ментор во академијата и клупски амбасадор, што го прави многу блиску до првиот тим. Токму затоа неговата изјава во која не го поддржа тимот на Енцо Мареска, предизвика внимание.


Тери го истакна Ливерпул, актуелниот шампион предводен од Арне Слот, како фаворит. Еден од причините е реалната проценка на моменталните можности на Челзи и желбата да не се создава дополнителен притисок врз младите играчи.

Сепак, посилниот и емотивен мотив е желбата Ливерпул да ја освои титулата во чест на поранешниот напаѓач Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа во јули. За одбраната на титулата, Тери рече:


„Мислам дека титулата е нивна, искрено. Се чини дека имаат огромна мотивација поради многу тажниот губиток на Диого Жота. Токму поради тоа, навистина се надевам дека Ливерпул ќе успее. Мислам дека се најсилниот тим. Манчестер сити повторно покажа ранливост оваа сезона.“

- Оглас -

Најнови вести