Не така оддамна, Џон Тери беше еден од најдобрите фудбалски дефанзивци. Легендарниот капитен на Челзи може да се пофали со пет титули во Премиер лигата и едеб трофеј во Лига на шампиони.
Иако има фасцинантно SV, Тери се жали како не може да најде работа во фудбалот. Од јули 2023 година Тери чека вистински тренерски предизвик. Тој открива дека сон му е да биде на клупата на Челзи, но засега тоа не е реално.
„Не сум сигурен дали некогаш ќе ми се оствари сонот Со Челзи ги освоив сите трофеи. Сега останува само уште тренер да бидам таму“, рече Тери.
„Како помошник тренер во Премиер лигата и со искуството што го имав како играч, мислев дека тоа ќе биде доволно за да ја добијам работата. Не велам работа во Премиер лигата или Чемпионшип – туку работа на ниво на Лига Еден“, се пожали Тери, додавајќи дека нема понуда ниту од третата лига од Англија.
„Не добив ни шанса. Имав интервјуа и едноставно беше „немате искуство“. Кога денес гледам некои луѓе како управуваат со тимови, навистина ме збунува. Што се однесува до „дали сум фрустриран“, да, апсолутно, бидејќи имам многу добри квалитети за да бидам навистина добар тренер или навистина добар менаџер, но за жал тоа не се случи“, заклучи Тери.“