Џони Еванс за првпат после 2015 година е во почетниот состав на Манчестер јунајтед, тој игра вечерва против Барнли на местото на Лисандро Мартинес во одбраната, и прво име е на дуелот кој е на пауза, откако по првото полувреме Црвените ѓаволи водат со 1-0.
Еванс даде гол, но му беше поништен затоа што Хојлунд стоел во недозволена позиција и го попречил видното поле на голманот.
https://twitter.com/i/status/1705667313477775496
Но, Еванс најде начин како да придонесе за Јунајтед, неговата одлична долга топка испадна прекрасна асистенција за преубавиот водечки гол на Бруно Фернандеш.
https://twitter.com/i/status/1705670264137121932