Џордан е милијардер, но се радува на 200 долари кои му припаѓаат од еден тестамент

Мајкл Џордан низ годините се стекна со светска слава, но и заработи пари за да го има статусот на милијардер. Легендарниот кошаркар беше изненаден дека му следуваат уште пари, и тоа како дел од едно наследство. Се работи за 200 долари, пари кои немаат голема вредност за Џордан, но сепак, како што истакна самиот кошаркар, му се многу драги.

Се работи за тестаментот на легендарниот колеџ тренер Дин Смит, кој своевремено беше учител на Џордан, но и селектор на САД. Смит почина пред пет години, но во својот тестамент напишал дека 36.000 долари кои ги поседува сака рамноправно да ги подели на 180 луѓе кои некогаш тој ги тренирал.

Освен Џордан, на листата на кошаркари кои добија пари од тестаментот на Смит се и: Џери Стакхаус, Рашид Волас, Винс Картер, Џејмс Ворти, Кени Смит, Сем Перкинс…

- Оглас -

Најнови вести