Џордан ја состави најдобрата петорка на сите времиња

Мајкл Џордан, најдобриот играч на сите времиња во НБА-лигата, откри која е, според него, најдобрата петорка во историјата на најсилната лига во светот. Џордан освои шест титули со Чикаго булс и беше незадржлив на теренот пред 20-тина години. Тој реши да направи петорка од играчи кои биле дел од неговата ера бидејќи на тие играчи им ги знае квалитетите.

„Можам да зборувам само за играчите со коишто сум играл, па затоа тоа ќе биде тим составен од кошаркари од мојата ера“, образложи Џордан.

Како плејмејкер би бил Меџик Џонсон, додека бековската позиција е за Џордан. Овие двајца имаа многу легендарни меѓусебни дуели во тоа време.

На позицијата ниско крило би го поставил соиграчот од Чикаго, Скоти Пипен, а најдобра „четворка“, според Џордан, е легендарниот Џејмс Ворти. Центарската позиција, според Џордан, е резервирана за Хаким Олајџувон, кој го предовдеше Хјустон до шампионски трофеи во тоа време.

Ако овие петмина се најдат на теренот во формата во која играа во тоа време, тешко дека ќе има противници кои би можеле да ги победат.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести