Џордан ќе ја донира заработката од документарната серија „The last dance“

Документарната серија „The last dance“, или „Последниот танц“ на Мајкл Џордан почна да се емитува во најдобар можен момент. Кога спортскиот свет е во застој, серијалот е убава прилика да уживаме во еден од најпопуларниот спортови, а притоа да се потсетиме на величината на иконата на Чикаго булс.

Легендарниот „Ер Џордан“ потврди дека целата заработка од серијалот ќе ја донира во хуманитарни цели. Се пороценува заработката да биде околу четири милиони долари, а допрва ќе се одреди каде ќе се донираат.

Серијалот е изработка на „И-Ес-Пи-Ен“, но може да се гледа и на други платформи, а се состои од 10 епизоди кои ја раскажуваат кариерата на Џордан во Чикаго и нивната доминација во деведесеттите години.

- Оглас -

Најнови вести