Џордан: Секого би победил во игра „еден на еден“, само за еден ривал не сум сигурен

Мајкл Џордан не би бил легенда и сметан за најдобар кошаркар на сите времиња ако и сам не веруваше дека е најдобар на светот. Тој е уверен дека апсолутно сите би можел да ги добие во игра „еден на еден“, а само за еден не е сигурен, тоа е Коби Брајант.

„Не мислам дека би загубил од кого било, освен можеби од Коби Брајант, бидејќи тој ги ’краде’ сите мои потези“, рече Џордан во документарецот „Последен танц“, а изјавата е дадена во 2013 година.

Џордан и покојниот Коби имаа прилика да играат еден против друг кон крајот на 90-тите, тоа беа дуели на две генерации во кои Џордан излегуваше како победник поради искуството, но Коби не заостануваше многу.

Погледнете видео во кое големите Џордан и Коби даваат кошеви на ист начин:

- Оглас -

Најнови вести