Џорџ експлодира и ги одржа Клиперс во живот (видео)

ЛА клиперс триумфираше со 116:102 на гостувањето кај Феникс во петтиот меч од финалната серија на Западот и успеа да намали на 2-3 за одржување на шансите за пласман во големото финале.

Маестралната партија на Пол Џорџ, во која постигна за него рекордни 41 поен во еден плејоф-меч, беше доволна за гостите од Лос Анџелес да изнудат шеста партија во која со сигурност ќе се обидат да извлечат мајсторка.

Џорџ од своите 41 поен, дури 30 ги постигна во второто полувреме, ги врза со 13 скока за дабл-дабл учинок и притоа имаше шест точни додавања. Букер се обиде, но не можеше да му парира со 31 кош, па Сонцата ја загубија првата меч-топка за да се изборат за финалето во НБА.

- Оглас -

Најнови вести