18.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Џоунс не може да се помири што Хабиб му го презеде врвот на листата најдобри борци во УФЦ

Џон Џоунс, еден од најдобрите борци во историјата на УФЦ, овојпат без влакна на јазикот ја прокоментира промената на врвот на ранг-листата на најдобри борци во УФЦ. Американецот до пред неколку дена беше прв на листата, а од вчера лидер е Хабиб Нурмагомедов по триумфот над Џастин Гејџи, по кој остана непоразен во 29 борби.

„Ова е број еден ср*ње“, напиша Џоунс на „Твитер“ откако УФЦ го прогласи за Нурмагомедов за најдобар борец.

Претходно шампионот во тешка категорија му испрати порака на популарниот Орел дека е најдобар борец на сите времиња, a сега очигледно не може да се помири со фактот дека повеќе не е „број 1“ во светот на УФЦ.

- Оглас -

Најнови вести