Џоунс му честиташе на Хабиб и испрати порака: Јас сум најдобриот на сите времиња

Џон Џоунс му честиташе на Хабиб Нурмагомедов за победата против Џастин Гејџи, но испрати и порака дека е излишно да се споредува кој Ултимејт фајт борец е најдобар на сите времиња.

„Јас победив на 15 меча за титулата, Хабиб само на четири и мислам дека воопшто и не треба да се разговара за тоа е кој е најдобар борец на сите времиња“, коментираше на социјалните мрежи големиот шампион.

Тој му испрати и честитка на Нурмагомедов, откако Дагестанецот објави дека ја завршува кариерата. Хабиб побара да биде рангиран на првото место на листата со најдобри Ултимејт фајт борци што се прави без разлика на категоријата, односно популарната „паунд фор паунд“ листа.

Одговорот на Џоунс, кој е шампион во ММА во нешто потешка категорија од таа во која Нурмагомедов забележа 29 победи на 29 меча е дека тој е најдобриот борец на денешницата.

Џоунс има 28 борби и еден пораз и од август 2019 година е рангиран како најдобар на листата „паунд фор паунд“.

- Оглас -

Најнови вести