Фудбалскиот клуб Удинезе многу значи за Регионот, а потврда е и посетата на единствениот калчолигаш од областа Фриули-Венеција Џулија од страна на првиот човек, гувернерот Масимилијано Федрига.
Цела делегација предводена од Федрига беше на стадионот „Фриули“ во Удине за да им посака среќа на Несторовски и соиграчите пред стартот на новиот шампионат во Италија.
За Удинезе почетокот е со дерби на домашен терен против гигантот Милан во недела од 18 часот, а тоа ќе биде шанса и за Несторовски да дебитира во Калчото како играч на „црно-белите“.
Популарниот Несто-гол играше за Палермо во елитната италијанска фудбалска лига, па ова на некој начин му е камбек во Калчото.
Летово македонскиот репрезентативец како слободен играч од Палермо се пресели во Удинезе и потпиша тригодишен договор, со опција за продолжување за уште една сезона.