Мауро Икарди е старомоден напаѓач што си го најде својот вистински дом во Париз, вели Паоло ди Канио. Поранешниот игач на неколку калчолигаши без влакно на јзаикот го нападна Аргентинецот, кој по многу перипетии летово од Интер се пресели во Пари Сен Жермен.
„Си го најде вистинскиот дом во ПСЖ. Природен дом на недисциплинирани играчи. Не ми е јасно зошто Карло Анчелоти толку инсистираше да го доведе во Наполи? Икарди не беше ни доволно храбар да им се извини на соиграчите за глупавите потези и изливи на неконтролирано однесување на неговата сопруга, која му е агент. Маурињо е преценет напаѓач што може да даде гол кога ќе му ја сервираат топката и нема врска со модерниот профил на шпиц, кој би можел и сам да одигра нешто. Таман му е трансферот во ПСЖ“, вели Ди Канио во интервју за „Ил Матино“.
Паоло играше за најголемите клубови во Италија, освен во Рома и Интер, а настапуваше и во неколку екипи во Велика Британија. Беше обвинуван дека е миленик и близок со навивачите на Лацио, и тоа делот од Копот што го подржува неофашистичкото движење. Дури на еден меч им салутираше со добропознатиот фашистички поздрав со крената рака.
По играчката кариера, се обиде и како тренер, но последен клуб што го преводеше од клупата му е Сандерленд пред цели шест години.