Ди Марија и Мбапе покажаа кој е главен, чудни резултати во втората француска лига (Видео)

Анхел Ди Марија со два гола потврди дека после Килијан Мбапе е најкорисниот играч на ПСЖ во 2019 година, по бројот на голови и асистенции, а на младиот Французин му требаа само пет минути по влегувањето во игра да ја затресе мрежата на Ница. Мбапе му асистираше на Мауро Икарди во 92-ра минута, па ПСЖ славеше со 4-1, а домашните во последните 15-тина минути играа со двајца фудбалери помалку, бидејќи добија два црвени картони.

Со победата, „светците“ се зацврстија на првото место во францускиот шампионат. Интересно е дека за разлика од прволигашкиот денешен меч, на второлигашките изостана ефикасност. Од осум натпревари, дури пет завршија со 0-0. На два резултатот беше 1-0, а на еден меч паднаа три гола. Француската втора лига е позната по малиот број на голови, но вечерва и тие претераа со неефикасноста.

Ова се головите на Ди Марија, од кои вториот беше ремек-дело.

https://www.youtube.com/watch?v=mRKv2m7JnTE

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести