Ди Марија открива дека побарал „луда“ сума пари за да заигра во С. Арабија, а тие ја прифатиле

Еден од најдобрите аргентински фудбалери во последниве две децении сигурно е Анхел ди Марија, кој денеска полни 37 години. Иако е во години кога голем број играчи веќе одат во пензија, Ди Марија уште е на врвно ниво и е дел од Лигата на шампионите. Во петокот играше за Бенфика во победата на гости кај Монако, потврдувајќи дека уште има предизвик да игра во елитниот фудбал, иако во кариерата ги освои сите најважни трофеи.

Ди Марија открива дека имал голем предизвик да замине во Саудиска Арабија како што тоа го направија Кристијано Роналдо, Карим Бензема и уште голем број други ѕвезди, но сепак Аргентинецот решил да им каже „не“ на богатите понуди од шеиците.

„Вистината е дека добив понуда од Саудиска Арабија и реков НЕ. Потоа дојде уште една понуда, повеќе од ДВОЈНА, пак реков не“. Потоа реков: „Па, ако ни го дадат ова (се мисли на многу поголема сума), можеби ќе одиме“, раскажува Ди Марија.

Аргентинецот не открива за колку голема понуда се работи, но откри каква била реакцијата на неговата жена кога тој ја кажал сумата за која би одел во Арабија.

„Смислив една сума и ја напишав. Жена ми ми рече: „Како ќе ти го дадат тоа, идиоту? Но, идиотот беше право. Очекував да кажат не, но наместо тоа, тие рекоа: „ДА, ДА, готово?“ Кога мојот пријател ми рече дека прифаќаат, јас ѝ реков на жена ми: „Гледаш? Јас не сум идиот. Побаравме и тие ни исполнија“. Тогаш бевме во ситуација што да правиме: „Сега што?“ Но, на крајот решивме да одиме во Лисабон, во Бенфика. На крајот го одбив тоа“, раскажува Ди Марија.

- Оглас -

Најнови вести