Лука Модриќ ја заврши ерата во Реал Мадрид и ќе биде продаден уште ова лето, тврди шпанскиот портал „Дијарио гол“.
Шпанскиот гигант и најтрофеен европски клуб има одлична понуда за 34-годишниот фудбалер, а по сè изгледа кариерата на најдобриот светски играч за 2018/19 година ќе продолжи на „Олд Трафорд“.
Реал Мадрид веќе го ангажираше Еден Азар, а има намера да ги донесе и Пол Погба и Кристијан Ериксен, со што очигледно ги затвора портите за Модриќ. Хрватот ја освои Златната топка како најдобар играч на планетата, а Реал во 2018 година не му дозволи да замине во Интер.
Сега и односите со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, му се заладени, па реално е Модриќ да си замине и да ја прифати понудата на Манчестер јунајтед.