Дибала не прифаќа помала плата од 15 милиони евра, Јувентус ќе го продаде на клуб што ќе плати 90

Пауло Дибала не прифаќа да го продолжи договорот со Јувентус за плата помала од 15 милиони евра, но засега нема напредок во преговорите на двете страни.

Јувентус пријави загуба од 70 милиони евра, најмногу поради пандемијата со корона-вирусот и според информациите што ги објавија италијанските медиуми, би го продал Дибала ако се најде клуб што ќе плати 90 милиони евра.

Интерес за одличниот аргентински играч покажува Реал Мадрид, а Флорентино Перес сака да го вклучи офанзивецот на Јуве во новиот проект Галактичари на Кралскиот клуб.

Дибала пристигна во Јувентус во 2015 година од Палермо и одигра над 170 натпревари за Старата дама со 60 постигнати голови.

И новиот тренер на италијанскиот шампион Андреа Пирло не сака да се откаже од услугите на 26-годишниот играч и очекува тој да биде носителот на новиот бран подмладување во тимот.

- Оглас -

Најнови вести