Пауло Дибала е уште еден од фудбалерите кој својата кариера ќе ја продолжи во Саудиска Арабија. Неодамнешниот член на Рома успеа да ги договори личните услови со екипата на Ал-Кадисија и во следните три години ќе заработи 45 милиони евра.
Рома за продажбата на фудбалерот ќе заработи 12 милиони евра. Дибала во својата кариера настапуваше и за Палермо и за Јувентус, а во Аргентина настапуваше за Институто. Ал-Кадисија летово освен Дибала, успеа да ги ангажира и Пјер-Емерик Обамејанг, Нахитан Надес, Начо Фернандес и Коен Кастелс.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1823679878551527651?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1823679878551527651%7Ctwgr%5Eb82ad65af515ac9e309a5ef48953eaa13224325b%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.blic.rs%2Ffudbal%2Fmedjunarodni-fudbal%2Fpaulo-dibala-odlazi-u-saudijsku-arabiju-al-kadsija-dovodi-napadaca-rome%2F2024081411442244598