Ако нема изненадувања на реваншите, во ЛШ ќе има четири супер интересни четвртфиналиња

По првите мечеви од осминафиналето во Лигата на шампионите, проекциите на суперкомпјутерот најавуваат многу интересни четвртфинални двојки.

Во вторник и во среда се реваншите на осумте осминафиналиња.

Во четвртфиналето би требало да играат: Реал Мадрид – Баерн Минхен (европска класика на два гиганта), ПСЖ – Ливерпул (и минатата сезона играа еден против друг, тогаш во осминафиналето изненадувачки триумфираа Французите), Атлетико Мадрид – Барселона (неодамна имаа интересна пресметка во Купот на Шпанија, од која како севкупен победник излезе Атлетико) и Бодо/Глимт – Арсенал (Бодо пак би бил аутсајдер, но тимот кој меѓу другите ги победи и Манчестер сити и Интер, ќе има што да каже).

 

- Оглас -

Најнови вести