Дибиров дојде до третото место во историјата, но далеку е од рекордот на Лазаров

Тимур Дибиров со пет постигнати голови беше еден од најзаслужните за победата на Вардар против Алборг во третото коло од ракометната Лига на шампиони. Рускиот интернационалец во 2013 година дојде во Вардар и уште е верен на црвено-црниот дрес.

Дибиров со Вардар освои две европски титули, а уште е еден од најдобрите играчи во тимот. Со вчерашните пет погодоци, крилото на Вардар стигна до бројката од 971 погодок во Лигата на шампионите, надминувајќи го Момир Илиќ, кој има 969 погодоци.

На Дибиров сега му се потребни само уште 29 гола за да ја достигне магичната бројка од 1.000 погодоци во елитното натпреварување, што ја имаат надминато само двајца ракометари.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров е неприкосновен на првото место на листата за најдобри стрелци во историјата на ЛШ со 1.462 голови. Зад Лазаров е Никола Карабатиќ со 1.091 погодок, додека сега трет е Дибиров.

Се надеваме дека Тимур ќе продолжи во одличен ритам и на следните мечеви од групната фаза и многу брзо ќе го прослави илјадитиот погодок во ЛШ.

 

- Оглас -

Најнови вести