Ја видовме најлошата изведба на еден голман во историјата на ЛШ (Видео)

Младиот чешки голман Антонин Кински имаше кошмарно деби во Лигата на шампионите. Голманот кој доби доверба да брани за Тотенхем на гостувањето кај Атлетико Мадрид во осминафиналето на ЛШ, се посрамоти и на крајот со солзи во очите го напушти теренот.

Само по 5 минути игра, Кински ја направи првата голема грешка кога лошо исфрли една топка, а домашните фудбалери казнија со голот на Љоренте, кој може да го видите ТУКА.

Потоа следуваше голот на Гризман за 2:0, а фудбалерите на Тотенхем само што тргнаа од центарот, следуваше нов кикс на Кински. Младиот 22-годишен голман не успеа да ја исфрли топката, а Алварез без бунење го прифати подарокот и погоди за 3:0 во 15-тата минута.

Тогаш мораше да реагира тренерот на Тотенхем, Игор Тудор, кој реши да го извади Кински од игра. Голманот со солзи во очите го напушти теренот.

- Оглас -

Најнови вести