Дибиров: Гостувањата во Загреб секогаш се тешки

Дуелот на ППД Загреб и Вардар од 17.30 часот е дерби на колото во СЕХА-лигата и реприза од ланското финале. По поразот од Кјелце, „црвено-црните“ се мотивирани да се вратат на победничкиот пат, но нема да биде лесно.

И Загреб загуби убедливо во ЛШ од Запорожје, па и тие немаа време за рехабилитација. Во минатата сезона, Вардар двапати го совлада Загреб во регуларната сезона.

Тренерот Лино Червар, фаворитската улога му ја препушта на македонскиот првак, а крилото Тимур Дибиров предупредува дека никогаш не е лесно да се гостува во „Сутинска врела“.

„Никогаш не ни било лесно во Загреб. Лани доминиравме, а победивме само еден гол-разлика.  И овојпат очекувам да биде интересен меч. Загреб е опасен дома, нема да биде лесно, но ние ќе одиме на победа. За да успееме, ќе ни треба добра игра и малку среќа“, најавува Дибиров.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести