Ракометарите уживаат во пречекот кој го имаат на плоштадот. Игор Карачиќ кој повеќе од седум години е дел од Вардар, беше прогласен за МВП на фајнлфор турнирот во Келн. Хрватскиот репрезентативец изјави дека засекогаш ќе се сеќава на убавите спомени во Македонија. Стоилов за Карачиќ рече дека тој играч е „срцето и душата на Вардар“,
„Добровечер Скопје, добровечер Македонијо. Не сакам тажни приказни вечерва. Ја почнавме оваа турнеја во август. Нашата цел беше да стигнеме до фајнл фор. Рековме дека ќе уживаме дека ќе играме и дека ќе се обидеме да ја повториме 2017 година. Ви благодарам за сите овие седум и пол години. Жал ми е што си одам, но можеби патиштата повторно ќе не спојат“, рече Карачиќ.
Оригинален беше и летачкиот Тимур Дибиров, кој е еден од милениците на навивачите. „Ние сите 20 души кои игравме, денеска сите сме Македонци. Ви благодарам за се“, рече Дибиров.
Џинот Даинис Кристопанс имаше кратка, но слатка порака „Ви благодарам. Вие сте најдобри навивачи, најдобра држава“, изјави 215-сантиметри високиот бек.
Голманот Дејан Милосављев кој е најдобар чувар на мрежата во Лигата на шампиони многу добро ја знае душата на Македонците.
„Народ со најголемо срце кои некогаш сум го видел. Се надевам дека сте горди на нас. Покажавме дека треба да верувате во нас. Да живее Македонија, да живее Вардар. Во благодарам многу“, рече Дејан Милосављев.
Мозокот на овој шампионски тим е тренерот Роберто Парондо. Шпанскиот стратег едноставно изјави „Оваа титула е за Вардар, за Скопје, за цела Македонија“.
Шишкарев вели дека сакал да земе македонски пасош, но уште не можел да го добие, а потоа додаде дека дошло и такво време Германец да сака да живее во Македонија, посочувајќи кон Дисингер.
Европските прваци едноставно уживаа во пречекот кој им го приредија илјадници навивачи на плоштадот „Македонија“.
Коментарите се затворени.