Тимур Дибиров и официјално го напушти Вардар и стана член на хрватскиот гигант ППД Загреб по потпишаниот едногодишен договор.
Легендата на Црвено-црните набрзо по официјализацијата на трансферот, се обрати на јавноста преку социјалните мрежи. Испрати порака до Комитите и сите навивачи на Вардар, се заблагодари за поддршката:
„Драги пријатели, веројатно треба да има текст за многу страници, затоа што сакам да ви се заблагодарам на секој од вас, ви благодарам што ми го дадовте чувството да се биде дома, за поддршка, љубов и верба во мене! Ми беше голема чест да го носам дресот на Вардар и горд сум што сум дел од семејството! Сакам да им се заблагодарам на Македонија, Скопје, Комити, навивачите, Сергеј Самсоненко, сите играчи и вработени во клубот, вие сте засекогаш во моето срце!“, стои во објавата на Дибиров на неговиот инстарграм-профил.