Тимур Дибиров потпиша за Загреб!

Ракометниот клуб Загреб потврди дека потпишале договор со руското крило Тимур Дибиров.

Дибиров заминува кај Плинарите каде клупски колеги меѓу другите, ќе му бидат и Вуко Борозан и Иван Чупиќ, со кои играше заедно и во Вардар. Русинот кој има 38 години, со Вардар освои две европски титули, а си замина после одлуката на ЕХФ да не му дозволи на клубот учество во Лигата на шампионите.

„Среќен сум што доаѓам во Загреб, клуб со богата традиција, од кои потекнале многу големи играчи. Се знам со некои од играчите со кои сум играл заедно, против некои сум играл, мислам дека имаме добра екипа, идеален спој на младост и искуство. Може да бидеме пријатно изненадување сезонава“ – изјави Дибиров.

- Оглас -

Најнови вести