Наполи поведе со 1-0 по половина час игра во дербито против Рома. Капитенот Лоренцо Инсиње постигна мајсторски слободен удар од околу 25 метри, а голот го прослави така што го истакна дресот со број 10 на Диего Марадона.
Во чест на починатата аргентинска, но и клупска легенда, Инсиње пред мечот постави венец пред ликот на Марадона, а со прекрасниот погодок потврдува дека е посебно инспириран да победи вечерва.