Диего Коста нема да го дочека двомечот против Челзи?

Диего Коста сака да го напушти Атлетико Мадрид во најскоро време. Бразилецот со шпански пасош одбива да ја продолжи соработката со Јорганџиите и наместо да чека до јуни, кога ќе биде ослободен од договорот, бара да биде продаден уште во следниот трансфер-прозорец.

Доколку не најде нов клуб, Коста ќе бара раскинување на договорот со Атлетико и сам ќе одговора на интересот од Бразил и Кина околу неговите услуги.

Тоа значи дека напаѓачот на мадридскиот гигант нема да го дочека осминафиналниот двомеч против „својот“ Челзи во Лигата на шампионите. Коста за Сините од Лондон играше три сезони, од 2014 до 2017 година, во кои освои две титули во Премиер лигата и еден трофеј во Лига купот.

Оваа сезона Коста падна во втор план кај Симеоне, кој предност му дава на Луис Суарес, а Диего само во седум настапи успеа двапати да се запише во листата стрелци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести