Диего Коста затајувал данок – Да не оди 6 месеци во затвор, ќе плати 1,1 милиони евра

Диего Коста е прогласен за виновен за затајување данок и доби шестмесечна казна затвор, што може да ја замени ако плати 1,1 милиони евра.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид во 2017 година, кога се пресели од Челзи во редовите на популарните Јорганџии, „заборавил“ да плати данок, а имал сомнителни даночни пријави и во 2013 година. Сè заедно доволно да биде осуден на 6 месеци затвор и парична глоба од 507 илјади евра, која севкупно може да се замени со вкупна парична казна од 1,1 милиони евра.

Коста е само еден од цела дузина фудбалери кои минаа низ сличен процес во Шпанија и затајуваа данок, а ниту еден од нив не заврши во затвор и сосема очекувано се спогодија со државата и платија парични казни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести