Дигитроните во раце и чекање, пред нас е најлудото коло во историјата на Евролигата (Фото)

Вечерва и утревечер се игра последното коло од лигашкиот дел на кошаркарската Евролига и има огромен број отворени прашања на кои одговорите нема да бидат дадени пред завршувањето на утрешните средби.

Познато е кои 10 тима продолжуваат во разигрувањето за титулата, но има дури 256 различни комбинации околу конечниот изглед на табелата.

На пример: Баерн Минхен и Барса може да бидат четврти и директно да влезат во плејофот со предност на домашен терен во четвртфиналето, но во најлош случај Баварците и Каталонците може да паднат дури на десетта позиција и во плејинот да немаат предност на домашен терен.

Анадолу Ефес може да биде петти до десетти, Реал Мадрид исто така ќе биде во неизвсност до крај. На Реал може да му се случи дури и со победа вечерва во Белград против Партизан да заврши на седмо место.

За Олимпијакос е јасно дека ќе биде прв или втор, а Фенербахче може да биде прв, но и трет.

Доколу решите да се обложите, во Spоrt Life понудата е феноменална, освен на бројните игри поврзани со текот на мечевите, може да одиграте и на број на поени, скокови, асистенции и погодени тројки на поединци, а тука се и игрите на тимови за број на фаули, скокови и тројки кои ќе ги имаат.

- Оглас -

Најнови вести